Македонија ги укинува царините за САД
Објавено во: Економија 02 Јуни, 2025 13:10
На последната седница на Владата се усвоени измени на Законот за царинска тарифа, а во тие рамки има и уникување на царините за увоз за сите производи кои доаѓаат од САД.
Ова денес го објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, која рече дека по овој потег се очекува и реципрочно да возврати САД и да бидат укинати царините за македонските производи.
- Следува целосна либерализација на увозот на стоки од САД, а со тоа во меѓународната трговија праќаме порака за забрзување на процесот на реципроцитет, рече Димитриеска Кочоска.
Министерката додаде дека нема прецизни информации кога САД ќе возврати на ист начин, но дека таков потег се очекува.
- Работиме нешто во моментов, треба да се стрпиме, па ќе бидеме информирани од министерот за надворешни работи, наведе таа.
Во законските измени за секторот енергетика ќе се намали царинската тарифа за литиум јонските батерии од 15 на 2,7 проценти. Во наредниот период се очекува голем увоз на овие таканаречени „сториџи“ за складирање на електрична енергија која се произведува од обновливи извори.
- Ова е од причина што батериите стануваат клучен елемент во балансирањето на енергијата и одржување на стабилноста на системот, изјави Димитриеска Кочоска.
Наедно со измените се намалување уште 67 тарифники ознаки, а тоа се прави,како што наведе министерката, по консултации со бизнис коморите.
-
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




