13 Мај, 2024
0.0289

Македонија мора да донесе нов закон за енергетика, забележа Енергетската заедница

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

На последниот состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница во која членува и Македонија утврдени се повеќе прекршувања на директивите кои може скапо да ја чинат земјата доколку итно не се преземат реформи и прифаќање на европските енергетски препораки кои се одложуваат подолг период, а се однесуваат на либерализација на пазарот, поголема заштита на животната средина со исфрлување на сулфурот од горивата како голем загадувач и други потреби кои произлегуваат од Третиот енергетски пакет на реформи.

Сите заклучоци кои се однесуваат на Македонија ќе бидат привремено одложени бидејќи се соочуваме со избори и нема кога да се донесат реформите бидејќи Собранието ќе се распушти. На Република Македонија и е потребен нов закон за енергетика кој ќе се донесе наредната година и ќе ги содржи сите препораки на Енергетската заедница, особено со следната фаза на либерализација на енергетскиот пазар.

Министерот за економија, Дритон Кучи, под чија надлежност спаѓа енергетиката, за репортерот на faktor.mk посочи дека - Македонија може да ги донесе сите предвидени и посочени реформи по изборите и даден е нов рок до јуни следната година.

Земји на кои им се закануваат последици се и Србија поради неисполнувањето на обврските за поврзување на енергетските системи во Косово каде има огромни проблеми со снабдувањето со електричка енергија и дистрибуција. Исто така и БиХ која беше домаќин на состанокот е опомената бидејќи и таа не ги исполнува реформите од Третиот енергетски пакет.

Во општите заклучоци на Енергетската заедница беше договорено да се посвети поголемо внимание на заштитата на животната средина и влијание врз климатските промени со прифаќање на поеколошки стандарди и обвновливи извори на енергија.

Исто така потврдени се повеќе инвестициски проекти за поврзување со нафта и гас меѓу земји кои се кандидати и земји кои се членки на ЕУ за олеснување на процедурите и регулативата што ќе ги забрза инвестициите.

Министерскиот совет кој преставува највисоко тело во оваа организација и посака добредојде на Грузија која идната година ќе стане полноправна членка со што ќе може да се доближи и до ЕУ семјеството. Следната година претседавач ќе биде Косово, кое како што е посочено има сериозни енергетски проблеми поради спровите со Србија и отежнувањата во инфраструктурата.

Од Сараево извести Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра