Македонија најмногу пиво извезува од Косово, а увезува од ...
Објавено во: Економија 25 Август, 2018
705 илјади хектолитри пиво произвела Македонија минатата година објави Државниот завод за статистика.
Според податоците најмногу пиво Македонија извезе во Косово, а најмногу пак увезе од Романија.
Во Европската Унија во 2017 година се произведени над 41 милијарда литри пиво, покажуваат податоците на Еуростат, што е за 2,5 милијарди литри повеќе во однос на 2016 година. Расчленето, ова производство на пиво во ЕУ, покажува дека секој жител на Унијата испил по речиси 81 литар.
Дополнително, во ЕУ се произведени околу 900 милиони литри или два отсто безалкохолно пиво, односно пиво со помалку од 0,5 проценти алкохол или без алкохол.