04 Мај, 2024
0.0273

Македонија не е Британија

Објавено во: Економија, Колумни 27 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Британците изгласаа Велика Британија да излезе од Европската унија, но неизвесностите што ќе биде потоа, се умножија. Европјаните кои се плашеа за судбината на ЕУ ако Велика Британија излезе од Унијата, по објавување на резултатите од референдумот, инсистираат да се забрза постапката за „развод“ за да се избегне продолжување на неизвесноста.  За разлика од нив, водечките британски евроскептици, откако добија што сакаа, велат дека не треба да се брза со излегувањето од ЕУ. Општиот страв од распаѓањето на ЕУ се претвори во страв  за судбината на Велика Британија. И не без причина. Нема иднина земја во која два значајни региони и главниот град  со големо мнозинство гласаа за останување во ЕУ, а им се оневозможува таквата желба, уште помалку, ако во таквата желба се изневеруваат 80% од младите. Голема е веројатноста дека со одлуката за излегување од Унијата, Британците нема да поминат добро, посебно со искуството што го имаат како поранешна светска империја. Илузорно е враќањето на таквата моќ во време кога поместувања во односот на силите во светот  се вршат само меѓу џинови како САД, Кина, Русија, ЕУ. Со излезот од ЕУ, Британците само ќе се маргинализираат. Но, мора да бидеме свесни дека Британците  од секогаш знаеле и умееле да го излвечат максимумот од оние со кои соработуваат или имаат намера да соработуваат. Референдумот не е обврзувачки и активирањето на процесот на отцепување на Британија од ЕУ единствено зависи од Британците, така што допрва ќе видимe колку навистина Бритаците имаат сериозни намери да им кажат збогум на довчерашните свои сојузници или се работи за уште еден обид со кој Британија, по преговорите „за предомислување“, би излегла со уште подобра позиција од постоечката. Посебна приказна се  eвроскептиците  во помалите европски земји. Особено нашите, кои се декларираат за ЕУ, а прават се’ да се оддолжат реформите  во земјата кои се услов за асоцирање во Унијата. Мене ми е јасно дека ретроградните сили во државата ликуваат, но мора да разбереме дека единствен излез за спас на македонската економија е најстојчивоста на земјата да воспостави интегративен систем со Унијата, со или без Британија. Впрочем, Европската Унија, па и без Британија, е сојузот кој нема да дозволи Македонија да се претвори во пашалук, систем на огранизирано делување на криминогени властодршци, кој е веќе сериозно трасиран. Не случајно што и радоста од ваквиот развој на настаните доаѓа од „пашите“. Ако твитер пораката на екс министерката за внатрешни работи до британскиот амбасадор „И сега шу прајме?“, не е грешка, а не е, бидејќи никој не ја демантира, повеќе од јасно е зошто изливот  на среќа се рефлектира на настан за кој, ако не загриженост, треба да има барем внимателност. Земја како Македонија, со ваков востоличен систем на управување, несмее да си дозволи да верува дека ќе и’ биде подобро без ЕУ. Само лузери или директно инволвирани пиони на власта, кои ги имаат длабоко завлечено „рацете во медот“, можат да тврдат дека Македонија би била посреќна без оваа европска заедница. За жал веќе одамна не сме интересни за нивното друштва, а со последните неколку месечни настани дури ни Грција не е клучниот проблем за нашето инкорпоривање во ова друштво. Високиот степен на коруптивни активности кои ги реализираат властодржците и ниското ниво на демократија, проследено со непочитување на препораките на Прибе, се „планината“ која е реална пречка на патот до друштвото од кое Британците изгласаа дека имаат намера да се откажат. Ако македонскиот народ навистина   сака да се приклучи во ЕУ треба да одбере кому треба да му даде поддршка. На оние кои ја партизираа државата и ја користат како заштита од одговорност за незаконити постапки и однесувања на врхушката на власт или на оние кои сакаат да ги искоренат таквите појави преку департизирање на државата и развој на ефикасна правна држава. Расчистувањето на наталожените десетгодишни проблеми не оди според брзината која ја посакуваме. Меѓутоа, мора да бидеме објективни. Без посредувањето на ЕУ (и на Американците) ќе беше уште потешко. Со нивно присуство на преговорите за имплементација на договорот од Пржино докрај се демаскира ликот и делото на лидерот на најголемата партија на власт како самозаљубен, насилен, алчен и неодговорен автократ. Без подршката на ЕУ и САД  Специјалното јавно обвинителство досега ќе беше елиминирано, а  развојот на земјата дефинитивно запечатен на ниво на пашалук, без шанси за изодување на патот до ЕУ.  За земјата да не заврши така, потребно  е  нивно натамошно ангажирање. А нашиве кои бегаат од Европа како „ѓавол од крст“, и со новиот премиер и министер за финансии, продолжуваат со воспоставена пракса на непримерно менаџирање со јавните финансии. Бегаат зашто не им се бендисуваат европските демократски правила на игра.  Со последниот ребаланс дополнително ги намалија капиталните инвестиции, буџетскиот дефицит го донесоа до историски највисоки граници, ќе не задолжуваат со еврообврзница за да покриваат непродуктивна потрошувачка и на крајот ќе не убедуваат дека сето ова се прави за народот и во името на народот.  А   на народот, на крајот, му остануваат зголемени обврски за враќање, со приходи кои стагнираат или опаѓаат. Сепак,  додека му е убаво да ги слуша  шарените лаги поткрепени со коруптивни мерки,   замаен од убавините не може да ги детектира опасностите кои ги носи овој концепт. Проблем е што тоа ќе го разбере кога ќе биде доцна. Засега,  сеуште молчи и се залажува дека   Македонија е исто што и Велика Британија и дека и на Македонија не и’ е потребна Унијата, идентично како и на Британија. А веќе рековме дека разликата е огромна. Британците се во позиција да бираат што ќе прават со  ЕУ, додека  Македонија е многу далеку од остварувањето на условите за да заслужи асоцирање во ЕУ. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?