17 Јануари, 2025
0.0294

Македонија се дави во ѓубре – Европа од него прави струја!

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Во Европските депонии има се, само нема ѓубре. Во Македонија сликата е сосема поинаква. Додека Европа и светот на отпадот гледаат како на ресурс од кој се произведува топлинска и електрична енергија, Македонија се “дави” во ѓубре, но во него до сега не виде потенцијал за производство на енергија. Експертите објаснуваат дека за да се направи енергана од 10 мегавати која што ќе произведува околу 70 гигавати струја годишно, што е повеќе од 10% од годишното производство на државните електрани. Оваа инвестиција би чинела околу 20 милиони евра. Познатата Европска пракса од отпад да се произведува топлинска и електрична енергија, во Македонија е научна фантастика. Милиони тони отпад кај нас завршуваат во депониите и шират зараза, но никако на отпадот не се гледа како на потенцијална струја или вода за затоплување во домаќинствата и стопанството. Поделени се мислењата на експертската јавност дали и како треба да се искористи капацитетот на депониите во земјава, особено на Дрисла. Едни сугерираат да се согорува депонискиот гас, а други дека треба да се размислува како од согорувањето на отпадот да се направи струја. “Иднината на Македонија е во современи, издржано изведени депонии, кадешто ќе се добива депонискиот гас од ѓубрето што скапува, наместо да се согорува во енерганата. Енерганите на гас се еколошки неприфатливи, бидејќи ако се селектира отпадот и се гори целото ѓубре што пристигнува, на пример во Дрисла, без да се селектира, ќе се горат и опасните, канцерогени гасови кои ќе се испуштаат во воздухот“, велат еиксперти за Фактор. Како отпадот станува струја? Кога ѓубрето се разложува се ослободува метан, гас кој негативно влијае врз животната средина и е “заслужен“ за појава на феноменот стаклена градина. За да се добие депониски гас, во депонијата прво се собира органско ѓубре (органска храна, хартија...), кое се покрива со слој земја. Ако во депониското тело има доволно влага  - ѓубрето се распаѓа за околу шест години. Но, во овој процес треба да се заштити најдолниот слој на земјата од исцедокот што се создава, за да не дојде до загадување на подземните води. Така создадениот депониски гас со цевки се носи до електрана каде се согорува метанот и се произведува електрична и топлинска енергија. Регионот во акција Лидери во горењето на отпад во Европа се Швајцарија и Шведска. И додека Македонија е во “зимски сон“ децении наназад, регионот активно работи на идејата, како отпадот да го направат функционален и од него да произведуваат топлинска и електрична енергија. Во Норвешка, во градот Лилехамер, во депонијата Глор дури 80% од отпадот кој се собира од 30.000 жители од градот се селектира и преработува. Од пластиката се прават пластични играчки, од биолошкиот отпад - биогас и ѓубриво за градините. Дел од ѓубрето во депонијата служи за производство на електрична енергија, која ја користат околу 400 домаќинства. Вкупниот профит годишно изнесува милион евра. К.П

Можеби ќе ве интересира

НЕМА ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЕВРОПА: Повеќето економисти имаат „мрачни прогнози“, еве зошто експертите на Светскиот економски форум мислат така

НЕМА ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЕВРОПА: Повеќето економисти имаат „мрачни прогнози“, еве зошто експертите на Светскиот економски форум мислат така

НОВИНИ И НОВИНИ...Николоски најавува нови авио линии, рекративно вештачко езеро, а за Градско - Дреново рече дека состојбата била очајна

НОВИНИ И НОВИНИ...Николоски најавува нови авио линии, рекративно вештачко езеро, а за Градско - Дреново рече дека состојбата била очајна

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора