26 Април, 2024
0.0306

Мaкедонија со скок од 25 места на ранг листата на Глобалниот иновациски индекс

Објавено во: Економија 27 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Северна Македонија, во споредба со минатата година, се искачи 25 места погоре на листата земји кои вложуваат во иновациска инфраструктура, покажува најновиот извештај на Глобалниот иновациски индекс (ГИИ) за 2019 година објавен на 24 месецов.

Според овој извештај кој рангира 129 држави во светот по 80 различни параметри, Република Северна Македонија е на 59то место, што претставува значителен напредок во однос на претходните две години, што во голема мера се должи на вложувањата во микро, мали и средни претпријатија од страна на Владата, Фондот за иновации и технолошки развој, и активностите на останатите субјекти во овој сектор.

Земјата остварила високи резултати и во делот на зголемен степен на инвестиции во иновации од страна на домашните институции како и подобрена бизнис клима со што Северна Македонија се наоѓа во група со првите 50 земји во светот. Подобрување е забележано и кај  постигнатите резултатите од вложувањето во иновации, каде земјата е на 63то место, што е повисока позиција во однос на 2018 година.

Споредбено со другите економии во Европа, во групата  на земји со средно-високи примања, Северна Македонија годинава има натпросечни оцени во пет од седумте столбови на Глобалниот иновациски индекс, кои се однесуваат на институции, инфраструктура, софистицираност на пазарот, каде е на 28мо место, знаење и технолошки резултати и креативни резултати. Во однос на останатите европски економии опфатени во студијата, Северна Македонија има натпросечни резултати во 1 од седумте столбови, т.е. софистицираност на пазарот, каде е остварен напредок во поглед на пристап кон финансиски средства и едноставен начин на заштита на малцинските инвеститори.

Во извештајот Северна Македонија е рангирана на  12то место меѓу 34-те економии со средно-високо ниво на приходи,  а земјата има остварено повисоко ниво на развој од очекуваното и кај БДП.

Државата остварила значаен успех според индикаторите за квалитет ISO9001 (24 место) и високо- и средно-високи технолошки производи (20 место), а подобрена е позицијата и во категоријата знаење и технологии, според кои Северна Македонија е на 66то место.

Во препораките се наведува дека земјата треба да го подобри вложувањата во човечки ресурси и истражувања, сфера во која државата годинава има зголемен обем на тековни и планирани активности.  Подобрување на школскиот систем, поцврста соработка помеѓу бизнис секторот и академската заедница, посилна инфраструктура за истражувања и развој на компаниите се области во кои се очекува зголемен ангажман на Владата, а во кои ФИТР веќе развива посебни инструменти и програми за поддршка.

Петте најиновативни земји според анализата на ГИИ оваа година се Швајцарија, Шведска, САД, Холандија и Велика Британија, а на дното се Бурунди и Јемен. Извештајот на Глобалниот иновациски индекс на иновации се објавува 12 години по ред од страна на Светската организација за интелектуална сопственост во партнерство со бизнис школата Инсед и Универзитетот Корнел.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти