09 Мај, 2024
0.0276

МАКЕДОНИЈА СО ТЕШКА ЗАДАЧА ПРЕД ПРЕГОВОРИТЕ: Хан доаѓа, почнува скринингот, ќе се чешлаат законите

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Европскиот комесар Јоханес Хан денес пристигува во Скопје, со што официјално треба да започне скрининг процесот . 

Македонија ја чека тешка задача и усогласување со европското законодавство а тој процес може да трае и една година.

Процесот на скрининг (screening), е прва фаза од процесот на преговори.

Процесот на пристапување кон ЕУ бара секоја нова земја-членка да ги усвои бројните закони и прописи на Унијата содржани во нејзиното законодавство (acquis communautaire). Со критериумите за членство (Копенхагенски критериуми од 1993 и Мадридски критериум од 1995) што треба да ги исполнат земјите-кандидати, Европската Унија поттикнува промена и прилагодување на законодавството, политиките и институциите во земјата-кандидат, со цел да се достигнат и да се заштитат вредностите и нормите кои ги има поставено ЕУ.

Критериумите за прием на нови земји во ЕУ, кои ги утврдил Европскиот совет на самитот во Копенхаген во јуни 1993 година, се однесуваат на политичките и економските услови што ги налага Договорот за функционирање на ЕУ, како и на обврската за транспонирање на европското во националното право на земјата за да може таа да ги преземе обврските што произлегуваат од членството. Овие критериуми што земјата со кандидатски статус треба да ги исполни за време на пристапните преговори за прием во ЕУ, се познати уште и како „Копенхагенски критериуми“, поради самитот каде што за првпат се утврдени. Напредокот на земјата-кандидат во исполнувањето на критериумите за прием го следи Европската комисија, за што доставува годишен извештај до Советот.

За да стане членка на ЕУ, земјата-кандидат мора да исполни три критериуми:

• политички критериуми: стабилност на институциите кои гарантираат демократија, владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата.

• економски критериуми: постоење функционална пазарна економија, како и капацитет за справување со притисокот на конкуренцијата и пазарните сили кои владеат во Европската Унија;

• институционални критериуми: земјите-кандидати мора да го усвојат, применуваат и да го спроведуваат целокупниот пакет на политики и мерки од законодавството на ЕУ (acquis communautaire). Тоа значи способност за преземање на обврските од членството, вклучувајќи придржување кон целите на политичката, економска и монетарна унија. Ова бара и доволен административен капацитет на земјата-кандидат за транспонирање на европското во националното законодавство, за негова примена, и за ефикасно спроведување преку соодветни административни и судски структури.

Мадридскиот критериум од 1995 укажува дека усогласувањето на националното законодавство со европското само по себе не е доволно, туку неопходно е земјите-кандидати да изградат административни капацитети кои ќе бидат доволни за спроведување на законодавството. Уште повеќе, во случајот на централната банка, постоењето на силен административен капацитет е важна претпоставка во остварувањето целосна независност и капацитет на централната банка, што претставува основно барање на европското законодавство во делот на Економската и монетарна унија.

Конечната одлука за отворање на преговорите ја донесува Советот на ЕУ со едногласност на сите земји-членки. Процесот на преговори се состои од неколку фази од кои скринингот е прва, а отворањето на поглавјата и нивното завршување следува дополнително.

процесот на скрининг (screening), како прва фаза од процесот на преговори, во којшто Европската Комисија го презентира целокупното законодавство што земјата треба да го транспонира во националното законодавство за секое поглавје одделно. Истовремено, земјата-кандидат ги презентира постигнувањата во делот на усогласувањето со законодавството во секое поединечно поглавје од европското законодавство;

•  подготовка на „ Извештај за завршен скрининг (Screening Report)“ од страна на Европската комисија, согласно со наодите од извршениот скрининг, во кој се содржани сите недостатоци во однос на законодавството и административниот капацитет, а кои ќе треба да се пополнат во текот на преговорите;

•  Отворање на поглавјата за преговори, по донесена одлука од страна на Советот на ЕУ, при што се повикува земјата-пристапничка да ги претстави преговарачките позиции за секое поглавје одделно. Во текот на преговорите, земјата се обврзува на временски рокови во кои целосно ќе се изврши преостанатото усогласување со европското законодавство. Исто така, постои и лимитирана можност за користење на т.н. транзициски периоди - за определени области може да се побара целосното прилагодување и усогласување да заврши во определен период по зачленувањето во ЕУ (обично се работи за прашања што имаат големи фискални импликации во делот на животната средина). Исто така, отворањето и затворањето на преговорите во одредени поглавја може да бидат условени со поставување на т.н. одредници (benchmarks) кои треба да бидат исполнети.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ОСВОИЈА ПАРТИИТЕ - ДИК СО ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Први се ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРИ СДСМ, А ТРЕТИ ДУИ

ЕВЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ОСВОИЈА ПАРТИИТЕ - ДИК СО ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Први се ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРИ СДСМ, А ТРЕТИ ДУИ

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција