02 Мај, 2024
0.0300

Македонска берза втора година по ред се приклучува кон иницијативата “Ring the Bell for Gender Equality 2022”

Објавено во: Финансии 09 Март, 2022

Добивај вести на Viber

По повод Меѓународниот ден на жената, Македонска берза втора година по ред, заедно со 118 други берзи ширум светот, зема учество во глобалната Иницијатива на Светската федерација на берзи „Да заѕвониме за родова рамноправност “(“Ring the Bell for Gender Equality”).  Темата на Иницијативата за 2022 година е „Родова еднаквост денес за одржливо утре“.

По овој повод, ѕвоното на Македонска берза го заѕвонија Kate Marie Byrnes, Амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, Нора Алити, Претседателка на Комисијата за хартии од вредности Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза.

"Во изминатата година одлучивме да поминеме од зборови на дела – во новиот Кодекс за корпоративно управување на котираните друштва вградивме и конкретен таргет за учество на жените во органите на управување и одредба дека во нивните годишни извештаи ќе треба да објавуваат резиме на преземените активности за исполнување на оваа цел. Иако кодексите се мека регулатива и се базираат на принципот „Исполни или објасни зошто не си исполнил“ сметаме дека ова решение е значаен чекор напред во поглед на поголема застапеност на жените во органите на управување во најголемите и најуспешните македонски котирани друштва. Компаративната анализа со други кодекси во регионот и пошироко покажува дека ова наше решение е доста прогресивно - не сите кодекси одат со квантифицирање на ваков таргет, односно добар дел од кодексите одат со формулации кои подразбираат препорака или со генерална формулација дека таргетот треба да се определи на ниво на компании во зависност од нивната големина или други специфики, изјави Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност М-р Нора Алити рече дека со  новиот Кодекс за корпоративно управување, кој беше изработен од Берзата и КХВ, а со подршка од ЕБОР,  се подигнува свесноста за родовата перспектива кај котираните компании на ниво на добра корпоративна пракса. 

„Во тој корпоративен натпревар според стандардите на новиот Кодекс, котираните компании ќе треба да преземаат мерки за да обезбедат најмалку 30 проценти жени членови на надзорниот и на управниот одбор до 2025 година. Јас сум свесна дека од една страна квотите не се популарни, би кажала дури најмалку за жените. Долг период и јас лично сум била против квотите бидејќи верував дека тие хранат еден друг стереотип -дека успехот на жените е само поради позитивната дискриминација на квотитете. Но искуството ми покажа дека таму каде што нема квоти, нема ни жени, и со тоа го сменив тој став. Од друга страна пак за некои 30 проценти не е доволен таргет, и јас се согласувам, но прогресот треба да почне од некаде, рече Алити.

Амбасадорката Брнз вели дека светот денес се соочува со тешки времиња. 

„Не се лесни времиња за глобалните пазари, за берзите, за граѓаните кои секојдневно ги чувстуваат овие предизвици. Жените во Северна Македонија се круцијален, суштински дел на карактерот на земјата и на нејзината иднина. Овој ден е важна можност за стремежот на жените во изминатиот век, но исто така е важно време да размислиме зошто родовата еднквост е важна за сите нас. САД се посветени на зајакнувањето на жените бидејќи тоа е вистинската работа и паметна работа што треба да се направи. Кога жените имаат напредок, земјата има напредок. Чекорите што ги преземаме кон родовата еднаквост ги прават подобри нашите општества, фер и подготвени да одговорат на сите предизвици со кои се соочуваме. Нам ни се потребни талентите на жените, искуството и лидерството, истакна амбасадорката Брнз.

Иницијативата Ring the Bell for Gender Equality, почнувајќи од 2015 година се одбележува во многу земји, со цел подигнување на свеста за клучната улога на приватниот сектор во унапредување на родовата еднаквост, како глобална цел за одржлив развој. Овој настан е инициран од IFC, The World Federation of Exchanges, Sustainable Stock Exchanges Initiative, UN Global Compact, UN Women и Women in ETFs.

Во функција на зајакнување на општествената свест за постигнување на поголема родова рамнопраност, Берзата презентира кратка анализа за состојбите на овој план кај домашните котирани друштва што е достапна на следниов линк https://www.mse.mk/mk/news/8/3/2022/gender-analysis-2022


Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?