Македонски производител на чоколади и бонбони ја зголеми двојно добивката
Објавено во: Економија 26 Март, 2019
АД „Европа“ за една година ја зголеми двојно нето-добивката, според билансот на успех кој кондиторскиот производител на чоколади, бонбони и вафли го објави на „Македонска берза“.
По оданочувањето, чистата добивка на компанијата била 110 милиони денари, што е за 60 милиони повеќе од 2017-та.
Пригодите пораснале за безмалку 10 отсто, односно изнесувале 800,2 милиони денари, додека расходите биле 683,5 милиони денари.
Вкупните оперативни приходи за 2018 година се зголемени за 12,3% во однос на истите во 2017 година.Останатите приходи бележат пад од 26,6%, а кај финансиските приходи падот е 54,3% во однос на 2017 година.