26 Април, 2024
0.0304

МАКЕДОНСКИ ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ: Само Африканците можат да ни завидат

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Во многу земји во светот има ниски просечни плати, се живее многу тешко, работа едвај се наоѓа, а стандардот е полош и од македонскиот.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесува 24 548 денари, oбјави деновиве Државниот завод за статистика.

Ако се погледнат статистики, Македонија има подобра просечна плата од некои земји од Африка, Азија. Но, Македонија е далеку од Европа каде просечните плати се високи. 

Eден Индиец месечно заработува по 152 долари во просек, 132 зема работник во Пакистан, 124 во Гана, 123 во Бангладеш, 120 во Кенија, 62 во Етиопија, 48 во Авганистан, 38 во Конго, 33 во Мадагаскар. Сирија има просечна месечна плата од 153 долари, Нигерија 173, Виетнам 181, Украина 199, Мароко 239 долари. Во Египет земаат по 251 долар месечно во просек, во Индонезија 295, Филипини 305, Шри Ланка 320, покажуваат податоците од WorldData сумирани за 2017 година.  Овие земји се на дното, но над нив се редат балканските, односно нашите соседи кои исто така се сиромашни.

табела - приказ колку се заработува во просек годишно и месечно

„Работа многу тешко се наоѓа, има могу народ, а малку можности. Овде лекарите се добро платени, а професорите не можат да се пофалат со добра заработка. Тешко е, но ќе биде подобро се надевам, само треба време“, вели Асиа Канвал, студентка од Лахоре, Пакистан.

Во најголемата независна држава на африканскиот континент Алжир, која во минатото била француска колонија, денес населението живее сиромашно, а имаат плати помали дури и од македонските.

Со примањата ако се споредат, тие се зад Македонците, но и многу далеку зад Французите чиј јазик го говорат. Во просек, просечната плата во Алжир е 240,9 евра. Овие податоци произлегуваат од просечната просечна плата пријавена од интернет корисници кои живеат во земјата. Разликата со просечната плата во Франција е 87%, пишуваат медиумите. Еден механичар во оваа земја, вели дека заработува месечно по 100 евра и признава дека малку може да се купи со тие пари.

„Имам 43 години и работам како механичар. Нашата земја е сиромашна. Ако кај вас за едно евро може да се купат три леба, тогаш тоа е повеќе од она што можеме да го купиме ние“, вели нашиот соговорник од градот Сетиф кој е универзитетски центар во земјата.

Ферки Аблделхам, лекар од истата земја додава дека за медицинскиот персонал е добро, но оние кои немаат високо образование, многу помалку заработуваат.

Сања Атанасовска

фото golegal

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра