26 Април, 2024
0.0272

Македонски Телеком ја зголемува добивката и бележи раст на корисничката база во третиот квартал на 2019

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

  • - Пораст на бројот на корисниците во секој сегмент на услуги: интернет, телевизија и постпејд мобилни услуги  
  • - Нето добивката во третиот квартал е зголемена за 9,6 отсто
  • - Лидер на пазарот во телевизија 


Македонски Телеком продолжува со успешното работење и во третиот квартал од 2019 година. Компанијата оствари раст на нето добивката и зголемени приходи од продажба во споредба со истиот период минатата година. И понатаму бележиме раст во бројот на корисници во мобилна телефонија и интернет, ја зацврстуваме лидерската позицијаво сегментот телевизија. Позитивното работење на компанијата кое продолжува и во третиот квартал ни потврдува дека сме на патот кон одржлив раст и ни овозможува да ги поставиме очекувањата за нашето иднo работење на повисоко ниво.

Континуиран раст на финансиските параметри

Приходите од продажба на Македонски Телеком во првите девет месеци од 2019 година, во споредба со минатата година, се зголемени за 2,2отсто и изнесуваат 7.937 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) за истиот период е зголемена за 5,3 отсто во споредба со претходната година, додека нето добивката бележи раст од 9,6 отсто.

Пораст на корисничката база

Македонски Телеком на крајот од првите девет месециод 2019 годинаима зголемување на бројот на корисниците во сите сегменти. Со зголемувањето од 1,8 отсто на постпејд корисничката база, вкупниот број на корисници во мобилниот сегмент изнесува 1.258 илјади. Зголемена е базата и на корисници коишто имаат пристап до широкопојасен интернет за 4,0 отсто, а вкупниот број изнесува 200,4 илјади. Македонски Телеком останува лидер во ТВ сегментот со број на корисници кој континуирано се зголемува (вклучувајќи Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), што на крајот од првите девет месеци од 2019 година резултира со база од 133,5 илјади корисници. MaxTV остана избор број еден за корисниците, како резултат на квалитетот, ексклузивните содржини, неограничените можности за интеракција, како и уникатното ТВ искуство. Дополнително, со новиот дигитален концепт во Magenta 1, промовиран во третиот квартал оваа година, корисниците на нашето најголемо семејство можaт да активираат дополнителни опции без надомест, секој месец, во зависност од нивните потреби, за поедноставно и попаметно секојдневие.

Силен фокус на инвестициите во мрежата

И во овој квартал продолжуваме со континуирани  инвестиции во инфраструктурата и ги подобруваме сопствените капацитети. Го зголемивме бројот на домаќинства покриени со оптика за 11,3 отсто споредено со истиот период изминатата година. Сега, повеќе од една третина од домаќинствата во земјава имаат можност да се поврзат на оптичката мрежа од Телеком и да ги користат бенефитите од оваа технологија.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија