28 Април, 2024
0.0332

Македонски Телеком ќе користи обновливи извори на енергија за своите дата центри

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

- Поставени соларни панели на најголемиот дата центар во Скопје

- CO2 емисијата ќе се намали за речиси 50 илјади кг.годишно

Македонски Телеком постави сопствен систем за производство на енергија од сончево зрачење на најголемиот дата центар во Скопје. Системот се состои од 148 соларни панелии инвертор на површина од 300 m²на покривот на ТК објектот во центарот  на Скопје и годишно ќе произведува повеќе од 80 илјади kWh зелена електрична енергија за сопствени потреби.

Со овој систем,штетната емисија на CO2во воздухот ќе се намалува за речиси 50 илјади кг. секоја година. Како за споредба, доколку оваа количина електричната енергија се произведува во термоцентрала, ќе бидат потребни околу 2.000 дрвја за да ги апсорбираат штетните емисии на CO2 од воздухот.

Се планира, во иднина продукциските дата центри во државата да се напојуваат од обновливи извори на енергија, со што Македонски Телеком, како една од најголемите компании, директно ќе влијае на намалување на емисијата на штетни гасови. Ваквите инвестиции ќе имаат позитивно влијание врз креирање зелена средина во урбаните места.

Во остварување на стратегијата за грижа за животната средина, компанијата активно ги вклучува и своите вработени. Иницијативата за сопствен соларен систем на дата центрите, кои се големи потрошувачи на електрична енергија, доаѓа од тим вработени во различни области, како одговор на потребата за поефикасно управување со енергијата во објектите на компанијата.

Македонски Телеком влијае на заштитата на животната средина и преку инвестирање во:

иновативни мрежни технологии, решенија за паметен град, Cloud  и ICT решенија, оптимизација на возните паркови, како и заеднички иницијативи со надлежните за намалување на загадувањето на воздухот.

Со инвестирање во вакви проекти, компанијата активно влијае на заштита на животната средина и е поблиску до целта на Дојче Телеком Групацијата да ги намали штетните емисии на CO2 за 90 проценти до 2030 година.

Македонски Телеком; press@telekom.mk


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг