04 Мај, 2024
0.0253

Македонските експерти ќе работат на странските пазари

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Државата за прв пат ќе извезува ум на организиран начин. Ова го истакна денеска првиот човек на  Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Промовиран беше Клубот на консултанти и експерти кој ќе функционира во рамките на Комората која пак потпиша Спогодба за соработка со швајцарската консултантска компанија „АФ консалтинг“

„АФ консалтинг“ е една од водечките светски консултантски компании со фокус на енергетиката, инфраструктурата со повеќе од 1.500 тековни проекти во областа на индустријата, во повеќе од 75 земји ширум светот.

Според вицепремиерот Анѓушев пак 2018 и 2019 се години  кога треба да се препознаат можностите и да се реализираат нови инвестиции .

Тој присуствуваше наРаботната средба за презентација на активностите на Клубот на консултанти“ при Стопанската комора на Македонија и истакна дека токму  консултантите, заедно со претставниците на научната и стручната фела, се тие кои што треба да направат исчекор и да влијаат на промените во индустријата и производството.

„Преку овој Клуб, Стопанската комора како и многу пати досега точно ги препознава насоките каде треба да се движи македонската економија и во таа смисла помага во развојот на економијата. Соработка со компанијата AF-Consult Switzerland е добар пример, како преку соработка со реномирани меѓународни компании,  користејќи ги локалните ресурси и знаења што ги имаме,  придонесуваме за развој на локалната индустрија, но и за извезување условно кажано памет во светот“, кажа потпретседателот на Владата Анѓушев.

Вицепремиерот посочи дека Владата во својата економска програма има детерминирано  значителни средства за иновативни проекти и за технолошки развој на компаниите во така наречениот трет столб од Планот за економски раст, мерки кои што ќе бидат спроведувани преку Фондот за иновации и технолошки развој. Овие мерки поддржуваат развојни проекти, воведување стандарди и добивање на соодветни сертификати за работа на малите и средни претпријатија. 

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?