26 Април, 2024
0.0278

„Макотекс“ загуби спор што се водел четврт век – треба да плати 12 милиони денари

Објавено во: Економија 02 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

„Макотекс“, компанија чија примарна ориентација е насочена кон големопродажба, увоз-извоз на текстил и облека, магацинско работење и туризам, загуби судски спор со фирма од Кратово што се водел цели 25 години. „За истиот во тек е извршување. Доколку не ни биде прифатена ревизијата вложена пред Врховниот Суд, ќе мора да платиме повеќе од 12 милиони денари (околу 200.000 евра), што секако ќе претставува голем товар“, информираат од компанијата во извештајот доставен до Македонската берза за хартии од вредност. Компанијата во извештајот признава дека старите судски спорови и претставуваат голем товар во работата, заедно со зголемените такси, тешкото наплаќање на побарувањата и тековното одржување на објектите. Само за загубени судски спорови, такси и адвокатски трошоци, лани компанијата потрошила над два милиона денари (32,5 илјади евра). „И покрај се ние со максимални напори успеавме да ја зголемиме наплатата за 5%, што секако се должи на нашата посветеност во работата. Големата неликвидност во стопанството и тешките услови на стопанисување и наплата на побарувањата, предизвика намалување на побарувачката на деловен простор. Тоа кај нас се одрази со намалување на издадениот простор за 15%“, се нведува во извештајот. Лани компанијата работеше со загуба, која на крајот на годината изнесува 9,4 милиони денари (околу 152 илјади евра). Друштвото „Макотекс“ е основано во 1949 година и првобитно функционирало како откупна станица со кожи, врз основа на решение на Владата на ФНРЈ. Во период на 70-те до 90-те години, Макотекс АД Скопје се рангираше меѓу првите пет по големина друштва на ниво на бивша Југославија, покрај Центротекстил, Генекс, Југоекспорт. Во тој период, друштвото имаше најголем број на вработени лица (1.100 во 1990 година), максимален надворешен промет, голем број на претставништва и фирми во Бугарија, Романија, Чешка, Австрија, Германија, Италија, Грција, Унгарија, САД, како и во останатите градови во Југославија, односно во Белград, Сараево, Љубљана, Ниш, Лесковац. Во 1991 година, со распаѓањето на Југославија, како и со процесот на трансформација на општествениот капитал дојде до значително опаѓање на обемот на работа. Поради изразеното намалување на профитот, претставништвата и фирмите во странство, континуирано се затвораа. Сега во фирмата работат само 10 вработени.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија