22 Март, 2025
0.0270

„МАКПЕТРОЛ“ ПОЧНУВА ИНВЕСТИЦИСКА ОФАНЗИВА! Во што ќе вложи 12,5 милиони евра до крај на годинава?

Објавено во: Економија 21 Март, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

Од вкупно планирани 12,5 милиони евра за вложувања 90 oтсто од парите се наменети за модернизација на бензински пумпи и објекти за продажба на големо, а 10 отсто се наменети на обнова на бисерот на струшката ривиера – хотелот „Макпетрол“, дирекцијата и за набавка на ИТ опрема. Покрај вложувањата „Макпетрол“ годинава планира и 44 нови вработувања.

Најголемата македонска компанија за малопродажба на нафтени деривати има одлични и охрабрувачки вести за своите бројни акционери. Компанијата најавува зголемени вложувања, раст на приходите, поголема добивка и нови 44 вработувања во 2025 година. Ова се најважните поенти од Планот на „Макпетрол“ за 2025 година достапен на СЕТ НЕТ информацискиот систем на Македонската берза за хартии од вредност.

„Макпетрол“ антиципира раст на приходите од основната дејност – малопродажбата на нафтени деривати и покрај тоа што очекувањата се дека берзанските цени на дериватите годинава ќе бидат пониски во однос на 2024 година. „Макпетрол“ очекува годинава да продаде 337.800 тони нафтени деривати или 5 отсто повеќе од лани. Со тоа ќе ја зацврсти лидерската позиција на македонскиот пазар на деривати од фосилни горива. „Макпетрол“ има и најголема продажна мрежа која интегрира 126 бензински пумпи ширум земјава.

Клучен акцент за зголемувањето на приходите годинава ќе биде ставен на зголемена продажба на природен гас. Инаку „Макпетрол“ и сега е доминантен учесник на пазарот за снабдување со природен гас, а годинава очекува да продаде 935 милиони киловатчасови. Доколку се реализира тоа би било зголемување од 59 отсто, пишува во нивниот план за 2025 година.

Приходите на компанијата од дејноста односно деловните приходи се очекува да изнесуваат 74 милиони евра што е за 6 отсто повеќе од претходната година. Другите приходи се проектирани на ниво од 8,2 милиони евра. Растот на вкупните приходи би требало да изнесува 6 отсто.

Грижата за вработените кај „Макпетрол“ секогаш е на прво место. Компанијата планира да исплати 27,44 милиони евра за плати што е за 3 отсто повеќе од претходната година. Растот е планиран заради 44 нови вработувања во оваа година.

Вкупните расходи на друштвото се проектирани на износ од 62,25 милиони евра и треба да се повисоки за 6 отсто од 2024 година.

Добивката на „Макпетрол“ се очекува да изнесува 20 милиони евра во 2025 година и тоа би било за 6 отсто подобар резултат од 2024 година.

Од својата добивка „Макпетрол“ на државата ќе плати данок на добивка од 1,59 милиони евра.

Нето добивката е проектирана на 18,4 милиони евра и тоа би бил за 7 отсто подобар резултат од 2024 година.

Н.С. 

Можеби ќе ве интересира

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ФИНЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ ОДАТ НА КУПУВАЊЕ - еве и зошто

ФИНЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ ОДАТ НА КУПУВАЊЕ - еве и зошто

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЛАГАРД: Трговската војна ја зголемува инфлацијата во Европа, закрепнувањето е во ризик

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЛАГАРД: Трговската војна ја зголемува инфлацијата во Европа, закрепнувањето е во ризик