ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, ПОРАНЕШНИ ДИРЕКТОРИ НА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ, НО И ЧЛЕН НА ДНК СЕ МЕЃУ ОСОМНИЧЕНИТЕ - обвинителот Љупчо Коцевски со опсежни детали за несреќата

Објавено во: Македонија 21 Март, 2025 13:05
Со повеќе детали за несреќата во Кочани и преземените дејствија денеска диртектно од Кочани излезе државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Според него, еден од осомничените, одговорно лице во клубот, усно организирал концерт, настан без формално пропишан договор, со групата ДНК.
„Притоа, заедно со осомничените управители и осомничените припадници на агенцијата за обезбедување, свесни дека капацитетот и условите во објектот не го дозволуваат тоа, овозможиле влез на околу 650 посетители, меѓу кои имало најмалку 31 дете. Едно од осомничените лица вршело продажба на билети, без притоа да води сметка за бројот и возраста на гостите кои смеат да присуствуваат, спротивно на законот за угостителска дејност, овозможувајќи влез и присуство и на малолетни лица на настанот“, истакна Коцевски.
Како со нагласи првиот човек на Обвинителството, досега се осомничени 27 физички лица, а кочанското обвинителство предложило мерки за обезбедување на присуство. Од 27 лица, за 24 се бара притвор, затоа што 3 се уште се на лекување во болница. Тој рече дека се гонат тие што ги издале лиценците, тие што не контролирале, сопственикот кој го владеел кабарето, член на бендот ДНК, обезбедувачите кои направиле пропусти и дозволиле да влезат малолетници, но и да се внесе пиротехниката. За многумина, како соизвршители, постои основано сомнение дека сториле тешки дела против општата безбедност.
„Сите осомничени, секој од аспект на своето својство, во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, сите заеднички, воопшто не постапиле според прописите за мерки за заштита и така предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имотот од невидени размери. Верижните пропусти и незаконити дејствија на службените лица довеле до тоа да при користење на пиротехничките средства, на 16.03.2025 година, за време на настапот на ДНК, да биде предизвикан пожар, во кој настапила смрт на 59 лица, од кои шест деца, а биле повредени 197 лица“, нагласи Коцевски.
Според него, доколку се обезбедат докази во истрагата ќе бидат опфатени и други засега неутврдени лица, кои иако биле свесни дека со нивното сторување или несторување, може да настапи штетна последица ама не презеле ништо.
Три лица се сосопственици или управители. Првиот е закупец каде е лоциран клубот, реален сопственик. Објектот кој имал намена за лесна индустрија, не исполнувал услови да биде кабаре, но осомничените добиле лиценца и организирале угостителски услуги. Сите знаеле дека клубот не ги исполнува условите за угостителски објект.
„Постои сомнение дека првоосомничениот од 13.02.2024 година до 13.02.2025 година, на службено лице од Министерството за економија дал паричен износ да изврши дејствие кое не смеел да го направи – обезбедил лиценца. Против вработениот во Министерството за економија е поведена постапка и примање на поткуп. Една осомничена е сопственичка и управителка на правно лице, кое направило проект за да може да врши работа – кабаре, иако знаела дека не потојат услови да се пренамени објектот. Проектот во континуитет бил користен за добивање лиценци. Била побарана промена на проектот, а таа без да изврши проверки, ги направила“, рече Коцевски.
Од Министерството за економија осомничени се поранешен министер, поранешен државен секретар, раководител, службено лице, помлад соработник. Според Коцевски, тие не постапиле според мерките на заштита. Осомничени се исто така и поранешен директор на Пазарен инспекторат и инспектори се исто така осомничени.
„Иако биле должни да прават надзор, не ги извршиле своите обврски. Во ниту еден наврат не извршиле контрола на правното лице, за да утврдат дали има важечка лиценца, дали ги исполнува минималните технички услови. Овозможиле кабарето да ја продолжи угостителска дејност“, додаде Коцевски.
За тројцата градоначалници од 2012 година до 2025 година, како и ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, тој вели дека овозможиле кабарето „Пулс“ да работи спротивно на Законот за угостителска дејност.
„Општината примала уплати за надоместок од кабарето“, додаде Коцевски.
А, во осомничените се и обезбедувачите, кои, како што нагласи Коцевски, овозможиле влез на 650 посетители, меѓу кои имало најмалку 31 дете, потоа едно лице кое продавало билети, без да води сметка за возраста, овозможиле влез и присуство на малолетници на настанот. Членовите на обезбедувањето, не спречиле во угостителскиот објект да се внесат експлозивни материи, иако за тоа немале задолжителна дозвола, за да ракуваат со пиротехниката, ниту пак, пиротехниката тоа го дозволувала“, рече Коцевски.
Осомничен е и член на ДНК.
„Постои сомневање, дека осомничените околу 02 часот по полноќ ги активирале пиротехничките средства“, додаде Коцевски, а додаде и дека и полициски службеници, и тоа вкупно седуммина, кои издале согласност од МВР, се исто така, осомничени.
Можеби ќе ве интересира
НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

„НЕГОВИОТ ПОДВИГ ПОТСЕТУВА ДЕКА ХРАБРОСТА И ЧОВЕЧНОСТА ЖИВЕАТ ВО НАШИТЕ ЛУЃЕ“ - Мицкоски го посети семејството и сопругата на починатиот херој Иле

ШЕСТМИНА ПАЦИЕНТИ ВО СТРАНСТВО СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ДВАЈЦА ВО ЉУБЉАНА И ЧЕТВОРИЦА НА ВМА ВО БЕЛГРАД - Таравари со редовен брифинг за состојбата на повредените

МУЦУНСКИ: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство

СЕ ОГЛАСИ ФОНДАЦИЈАТА ЗАЕВ ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ - донирале 2.500 евра на семејствата на настраданите во страотниот пожар
