Макрон ја осудува директивата на ЕУ за привремени работници
Објавено во: Свет 24 Август, 2017
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека европското правило кое им дозволува на компаниите да испраќаат привремени работници од земји со ниски плати во други земји-членки без да плаќаат социјални трошоци е "предавство на европскиот дух".
"Европската директива за привремени работници во нивниот сегашен формат е предавство на европскиот дух", рече Макрон во Салцбург, каде што ја започна својата турнеја во Источна и Централна Европа.
Според неговите зборови, Австрија и Франција се подеднакво погодени од постојната практика. Правилото на ЕУ е нападнатo во богатите земји, каде критичарите oпонираат дека оваа практика значи "социјален дампинг", во кој се избегнуваат плаќањата кон системите за здравство и социјална заштита во земјите каде што работат привремените работници.
Емануел Макрон ќе разговара за ова прашање подоцна денес со премиерите на Чешка и Словачка, кои за таа цел ќе пристигнат во Салцбург.