Максим Димитриевски: Бугарите се добредојдени на гробот на Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2023 11:01
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека Бугарите се добредојдени на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, но само ако ги почитуваат македонските позитивни прописи.
"Ќе дојдам на 4 февруари во Скопје, ние континуирано полагаме цвеќе на 4 февруари, a претходно и во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово. Пријавени сме и чекаме да ни биде потврдено согласно повисоките заштитни мерки.Да го испочитуваме неговото дели на еден мирен и демократски начин. Не можеме никому да забраниме да присуствуваат, така и на тие од Бугарија да го испочитуваат, но да внимаваат на своето однесување, без да направат политички скандали и инциденти“, рече Димитриевски.
Тој дополни дека Бугарите се добредојдени доколку имаат добра намера, но без претензии да дискредитирате еден народ, нација и јазик,.
„Во Благоевград на нашата делегација не и беше дозволено да положи цвеќе, во Македонија тоа не смее да се случи. При тоа, МВР да ги елиминира сите екстремистички елементи и да ги детектира и неутрализира личностите пред да направт каков било инцидент. Џамбаски да влезе но како граѓанин кој се однесува според позитивните законски прописи“, додаде Димитриевски.
За Димитриевски, секој политичар кој е против власта е дискредитиран како руски елемент и антиевропеец.
„Треба политичари со интегритет кои не менуваат ставови под притисок, но имаме недозреана политичка елита која ја води државата на сите нивоа и се претставува како проевропска коалиција. Ние не сме Европејци, не сме за Европа?. Каква е таа коалиција, со луѓе на црни листи, со Мендух Тачи? Тоа е чиста бизнис-коалиција, дел од СДСМ-ДУИ , дополнително со Алијанса, и ДПА. Што е тука еврошпско? Останатите не се за Европа?
Гледам ме ставиле во некој руски филм, убаво изгледа монтажата, но далеку сум јас од тој концепт. Сите сакаме да одиме во Европа, но како чесни и достоинствени Македонци“, предочи Димитриевски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“

МИЦКОСКИ: Ќе протестираме и ќе им се случи народ ако корумпираните судии со изгласана недоверба не си дадат оставка

МИЦКОСКИ: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

СТАТИСТИКА ЗА ЈАНУАРИ: Турците се најбројни гости во Македонија

ПРИЧИНА КОЈА ЈА НАВЕДЕ ДА НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР: Јахоски не поднел барање за старателство врз децата

ОЈО РЕАГИРА ЗА ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКО ПОЕНТИРАЊЕ: Ги отфрламе сите информации за наводни притисоци за одредени предмети

АГЕЛЕР: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет

ПРИЗНА ВИНА И ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР - изречена пресуда за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Уставен суд: Интерпелација не може да се примени за уставните судии, на тој начин се прави упад во уставно-судска власт
