Добивај вести на Viber
И покрај тоа што челичната индустрија „Макстил“ го прекина производството до исполнувањето на еколошките стандарди, состојбата со квалитетот на воздухот во Скопје не се менува драстично. Денеска повторно податоците се загрижувачки - нивото на штетните ПМ10 честички во воздухот е неколкупати повисоко од нормалното.
Најголемо загадување претпладнево е регистрирано во Лисиче, а лош квалитет на воздухот имаше и во Карпош, Центар и Гази Баба. Од останатите градови, на листата на оние со најзагаден воздух се и Тетово и Кавадарци.
Битолчани вечерва организираат протест против загадувањето во нивниот град.