26 Април, 2024
0.0277

Во Србија плата на рака поради кризата!

Објавено во: Балкан 09 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Над 20.000 компании во Србија, според грубите проценки ги смалуваат своите трошоци преку грбот на своите вработени, пишува Блиц. На вработените им исплаќаат поголем дел од платата на рака, а придонесите и данокот на заработка го подмируваат како вработените да се платени на минималец. Работниците поради ова не можат да подигнат кредит, а поголем проблем е што можат да сметаат на минимална пензија која во моментов во Србија изнесува 13.000 динари. Големиот број на невработени кои се повеќе од милион, сепак влијаат на промена на мислењето на оние кои сакаат да се спротивстават на ваквиот третман од работодавачите. Меѓутоа, голем е и бројот на вработени кои доброволно влегуваат во ваква зделка затоа што повеќе им одговара. - Сопственикот на почеток ме праша што е подобро според мене, а јас одбрав дел од платата да добивам на сметка, а дел на рака затоа на крај на месецот располагам со поголема сума. Знам дека ниту една банка нема да ми одобри кредит и дека пензијата ќе ми биде мизерна, но сега не сум во ситуација да го решавам тој проблем. Морам да живеам од нешто, вели за Блиц Милица Б. (42) продавачка од Нови Сад. Од оние работници на кои не им е пружена можноста да бираат како ќе ја примаат платата, ретко кој се осудува да се пожали на инспекцијата плашејки се дека ќе останат и без тој приход. Такви случаи според податоците на инспекторатот за работа најмногу има во трговијата на голема и мало, производството на храна, хемиската индустрија, индустријата за производство на гума и пластика, метало преработувачката, машинската и во градежништвото.

Можеби ќе ве интересира

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син