Малите акционери тријат раце, успешна понудата на „Оилко“ за преземање на „Макпетрол“

Објавено во: Економија 01 Април, 2024 21:26
Комисијата за хартии од вредност на денешната седница донесе решение со кое се утврдува за успешна понудата за преземање на акции издадени од "Макпетрол” АД Скопје дадена од преземачот ”Оилко" КДА Скопје.
Ќе бидат продадени 72.644 акции, меѓу кои главно на мали акционери-домашни физички лица, а од претходно беше познато дека понудата „нема да може да се одбие“, бидејќи станува збор за однапред познат откуп по одлична цена од 67.001 денари по акција.
„Понудата за преземање е прифатена од 63 сопственици на акции со право на глас, кои поседуваат вкупно 2.258 обични акции, односно 2,1% од сите акции со право на глас издадени од "Макпетрол“ АД Скопје. Понудата за преземање се однесуваше на сите 72.644 обични акции со право на глас издадени од "Макпетрол” АД Скопје, освен на сопствените акции кои ги поседува друштвото, а кои се 11.238 сопствени акции и 28.500 обични акции со право на глас кои се во сопственост на ”ОИЛКО“ КДА Скопје и физичките лица кои дејствуваат заеднички со него“, објави КХВ.
Можеби ќе ве интересира
СОСТАНОКОТ ВО ЏЕДА „СТРЕСЕ“ ДВЕ ВАЛУТИ: Што се случува со еврото и рубљата?

БОЖИНОВСКА-ШАХБАЗОВ: Македонија важен транзитен центар за гас до Европа – Азербејџан подготвен веднаш да соработува со земјава

УЈП СО ПОТСЕТУВАЊЕ - земјоделци, занаетчии, трговци поединци до 17 март треба да поднесат Годишен даночен биланс

Геополитичките неизвесности ги потресуваат берзите

И купувањето половни возила станува луксуз во Македонија, државата „глоби“ и од поевтините и од поскапите

ВРАБОТУВАЊЕ ВО АРМИЈАТА: Мисајловски ги соопшти деталите

АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО, АЛАТ, ПЛАСТИКА, МЕСО, МОРСКИ ПЛОДОВИ - ЕУ возвраќа на ударот, еве за кои американски производи воведува царини

ПИВОТО И СОКОВИТЕ ДОНЕЛЕ ОДЛИЧНИ ПАРИ, АМА „КАПНАЛО“ И ОД ДРУГО МЕСТО - еве како „Прилепска пиварница“ паметно работела и оствари чист профит од 2,3 милиони евра

СТАПИЈА НА СИЛА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Вредат за цел свет
