МАЛОЛЕТНИЦИ НАПАДНАЛЕ И ОГРАБИЛЕ КОЛОНИЈАЛ: Го признале делото, следат соодветни пријави
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2022 10:36
Полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари вчера лишила од слобода двајца малолетници од Скопје за кои се сомнева дека во колонијална продавница во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари.
-По преземени мерки и извршени оперативни проверки, полициски службеници од Отсекот за општ криминал од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службенкци од Полициско одделение Шуто Оризари констатирале дека двајцата малолетници на 12.10.2022 во колонијална продавница на улица „Широк Сокак” во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари, информираат денеска од МВР.
Во службен разговор во полициска станица, извршен во присуство на старатели, тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




