Малолетник со пиштол застрела 13 годишен ученик во тетовско
Објавено во: Македонија 05 Април, 2017 09:32
17 годишен малолетник пукал во 13 годишно дете со пиштол за кој е најден на црниот пазар и за истиот нема документи.
Тринаесетгодишно дете од тетовското село Палатица добило влезно-излезна рана во левата страна од грбот од истрел од пиштол. Осомничен дека пукал во него е 17-годишник од истото село, потврдија извори во тетовското јавно обвинителство.
Според досегашните податоци од истрагата, оружениот инцидент се случил во дворот од училиштето во селото вчера нешто по 16 часот.
Повреденото дете во животно загрозувачка состојба било префрлено на скопските клиники каде било приклучено на апарати. Осомничениот малолетник по околу еден час од инцидентот заедно со неговиот татко бил обезбеден од полицијата и се разговара со него.
Пронајден бил и пиштолот од кој се претпоставува дека било пукано, а според досегашните информации за пиштолот нема соодвтени документи за легално поседување. Истрагата го утврдува мотивот за инцидентот и како пиштолот завршил кај малолетникот..
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




