19 Мај, 2024
0.0282

МАН: Обвинителите да ги бркаат сторителите, а не новинарите и медиумите

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да не ги притиска новинарите да ги откриваат своите извори, бидејќи тоа е спротивно на Член 3, став 2 и член 12, став 1 од Законот за медиуми, потоа член 2, став 4 од Законот за укажувачи, како и цел член 6 од Законот за свиркачи, а спротивно е и на меѓународните новинарски стандарди на ЕФЈ и ИФЈ.

Новинарот не е должен да ги открива изворите на своите информации и ниту еден закон од домицилна држава не може да го прунуди на тоа.

Го поддржуваме ОЈО да ги истражува делата и сторителите на тие кои се посочени во новинарски текстови, особено доколку се документирани со фотографии, ауди-видео снимки и/или документи.

Но, не може да се бара од новинарите да ја вршат работата на истражители.

Ова се однесува особено на фактот дека новинарот и уредник Љупчо Златев е повикан на распит по кривична пријава поднесена до ОЈО од генералниот секретар на владата Драги Рашковски.

МАН потсетува на Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа, каде наведено е: „Јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“. 

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“