26 Април, 2024
0.0320

Манчевски во случајот „Боемска“ гледа неколку кривични дела на Мицкоски

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски смета дека во посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има редица на кривични дела. 

„Деновиве бевме сведоци на крајно неодговорно однесување од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но она што е уште пострашно е што во дел од неговите изјави тој апсолутно потсетува на едни поранешни времиња, кога власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше и судија, и полиција, изречител на казни и мерки. Имено не е така едноставно Христијан Мицкоски да каже направив грешка и сега ќе платам казна и тоа е тоа. Во она што се случуваше на улица "Боемска" има редица на кривични дела“, изјави министерот Дамјан Манчевски во своето видеообраќање до јавноста.

Тој вели дека Мицкоски, како и многу пати досега, покажа дека не ги почитува мерките за заштитта од Ковид 19.

„Тоа се покажа и во други примери претходно, ова е веќе кривично дело и не е така едноставно. Правдањето дека не знаел дека не смее да седи во внатрешност на угостителски објект е навистина смешно, сите го знаат тоа и впрочем не требал ни да биде пуштен внатре во објектот“, вели Манчевски.

Додава дека вториот момент за кривично дело е дека спречувале луѓе инспектори, официјални лица во извршување на својата службена должност. 

„Овие луѓе 2 часа не беа пуштени да влезат во внатрешноста на угостителски објект само и единствено затоа што таму седел Хритијан Мицкоски со неговото друштво, и ова е кривично дело“, нагласува министерот од СДСМ. 

Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени