20 Декември, 2025
0.0741

Маневски: Нема никакви причини да се продолжи мандатот на СЈО

Објавено во: Македонија 05 Април, 2017 11:14

Добивај вести на Viber

Екс министерот за правда Михајло Маневски во неговиот текст за Дневник наведува повеќе причини поради кои на СЈО не треба да му се продолжува мандатот за поднесување на нови обвиненија или покренување на нови истраги бидејќи нема никакви услови за такво нешто.

- Kако дел од пржинскиот договор, во Законот за СЈО се вградени одредби што се однесуваат на надлежноста, мандатот и крајниот рок за поднесување обвинение. Тоа се битни елементи од договорот. Во членот 22 од Законот, изречно се наведува дека „јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да поднесе обвинение или да нареди запирање истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“. Со овој член од Законот е утврден крајниот рок од 18 месеци за поднесување обвинение и за издавање наредби за запирање истражна постапка.

Законот за СЈО и изборот на Kатица Јанева за јавен обвинител се предмет на посебен политички договор. Законот за СЈО и изборот на јавен обвинител на СЈО се надвор од Уставот и надвор од редовната законска процедура. Врз основа на која одредба од Уставот и кој член од кој било закон, четири политички партии утврдуваат предлог за избор на јавен обвинител? Таква одредба нема во ниту еден закон, а нема ниту во Уставот. Одредбите од договорот од Пржино не можат да се изменуваат со закон, а со тоа и крајниот рок од 18 месеци за поднесување обвинение и за запирање истражна постапка. Тоа што е утврдено во Договорот е вградено во Законот и договорот не може да се менува со закон. Доколку некој сака тоа да го стори, тогаш треба да поведе и спроведе иста процедура која доведе до потпишување на тој договор, во кој ќе се предвиди можност за продолжување на рокот.

Покрај тоа што нема правни, нема ниту фактички, а уште помалку морални причини да се бара продолжување на рокот од 18 месеци. На Kатица Јанева и беа обезбедени сите услови за извршување на работите предвидени во Законот. Таа имаше одврзани раце сама да го одбере кадарот со кој ќе работи, од буџетот и се обезбедени материјални средства колку што бараше, се обезбедија просторни, технички и други услови за работа за да може да ги заврши работите во определениот рок.

Субјективни слабости не може да бидат причина за продолжување на рокот, смета Маневски.


Можеби ќе ве интересира

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име