МАНУ: Во земјите од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2024 17:39
Бурни реакции има по барањето на Вреди за основање на Албанска академија на науките.
Од Македонската академија на науките и уметностите(МАНУ) излегоа сo официјален став за формирањето на Албанската академија. Велат дека Академијата отсекогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од етничката, верската и каква било друга припадност. За политичките партии и нивните влијанија никогаш немало место во неа.
Додаваат дека од нејзиното основање до денес, во МАНУ членови биле припадници на македонскиот народ, но исто така и на сите етнички заедници.
„Меѓу другите, во последната декада во составот на МАНУ имаше четири члена од албанска етничка припадност (од коишто во трите последователни раководства еден беше научен секретар, а двајца потпретстедатели на Академијата, од кои еден е во актуелното раководство), како и три члена надвор од работниот состав. На крај, напоменуваме дека во Македонија, како и во земјите од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии. Претседателството апелира МАНУ да не се вовлекува во дневнополитички расправи и партиски дискусии кои ја оптоваруваат редовната дејност на Академијата, а спаѓаат во доменот на Законодавниот дом и државните институции“, велат од МАНУ.
Академиците, кои досега излегоа во јавноста се против формирање на таква Академија. Велат дека во ниту една држава во светот не постојат две национални академии.
Левица обвини дека овој потег го подрива унитарниот карактер на државата. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ја имаме МАНУ и дека не е добро да има поделби.Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека не станува збор за етнизирање, туку со тоа ќе има повеќе научни институции.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




