26 Април, 2024
0.0330

МАР бара да биде повлечен законот за минерални суровини

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Законот за минерални суровини е комплексен закон, за чии измени и дополнувања е потребна широка јавна расправа, а не нивно донесување по скратена постапка со еднострани измени предложени од надлежното министерство, реагираат од Македонската асоцијација на рударството (МАР) и бараат законот да не се носи по скратена постапки. Тие и во изминатите месеци имаа заблешки во однос на текстот за предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, кој е доставен во собраниска процедура за усвојување по скратена постапка. Велат дека биле реализирани и работни средби со надлежните државни органи и поднеле конкретни предлози за измени и дополнувања во текстот на Законот, но, дека сепак, ниту едно од укажувањата, предлозите и од забелешките на Македонската асоцијација на рударството не се вклучени во предложениот текст на Законот. Овој закон треба да се разгледува по скратена постапка на Седница на Собранието закажана за 18 јануари.

„Законски одредби кои создаваат правна несигурност и изготвување законски прописи без вклучување на сите засегнати страни е спротивно на начелата за транспарентност и за инклузивност. Нејасните и непрецизни одредби од предложениот текст на Законот, кои оставаат простор за субјективно и за арбитрарно постапување на надлежните државни органи, за компаниите кои работат во овој сектор создава правна несигурност и неповолна клима за инвестирање, стои во соопштението од МАР.

Додаваат дека имајќи ги предвид комплексноста на предвидените измени и можните ефекти врз работењето на компаниите, Македонската асоцијација на рударството апелира да се стопира натамошната постапка на усвојување на овој предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини и истиот да биде повлечен, како и да биде формирана работна група, во која покрај претставници на надлежното министерство, ќе бидат вклучени и претставници на МАР, на научната и на стручната јавност, како и на невладините организации, кои заеднички, низ процес на консултации, ќе работат на изготвување на законските одредби.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија