26 Април, 2024
0.0307

Маргинализираните заедници во Македонија - жртви на стереотипите и нетолеранцијата

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Осуда и презир од околината, физички напади, губење на работните места, но и кршење на основните човекови права од страна на институциите, се само дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваат луѓето од маргинализираните заедници во земјава. Луѓето кои користат дроги, Ромите, сексуалните работници, ЛГБТИ заедницата и други маргинализирани заедници се изложени на континуирана дискриминација и стигматизација од општеството кое ги гледа преку бројни стереотипи. 

Македонското општество генерално не е толерантно кон маргинализираните заедници во земјава и не презема конкретни чекори за да ја подобри состојбата на маргинализираните групи граѓани. Ромската заедница има лимитиран пристап до здравствени, социјални услуги и образование и се соочува со скриена дискриминација при остварувањето на правото на здравје. Луѓето кои користат дроги и луѓето кои живеат со ХИВ се стигматизирани и отфрлени од општеството, а многу од нив доживуваат таков третман дури и од членовите на нивните семејства.

Луѓето од ЛГБТИ заедницата, но и сексуалните работници честопати се цел на физички напади на хомофобни поединци или групи, кои надлежните служби не се трудат да ги разрешат или да ги казнат сторителите. На вакви напади и отфрленост од општеството особено се изложени трансродовите лица кои поради своето чувство на неприпаѓање кон полот со кој се родени ги сметаат за „ненормални“ и„одвратни“ поради што многу тешко наоѓаат вработување.

Невработеност, сиромаштија, дискриминација, стигматизација и отфрленост од општеството, немање пристап до соодветна здравствена заштита, но и заштита од институциите се последиците од ваквиот третман на општеството кон маргинализираните заедници. За да се надминат ваквите состојби, неопходно е да се најдат начини за нивно решавање, особено да се стави акцент на јакнењето на капацитетите на професионалниот кадар од институциите и носителите на одлуки за знаењата и практиките за работа со маргинилизираните заедници и промоцијата на нивните права.

Во земјава постојат неколку граѓански организации кои се залагаат за овие процеси и активно работат за зголемување на јавната свесност и надминување на проблемите на маргинализираните заедници. Такви се ХЕРА, СТАР-СТАР, Коалиција Маргини, Заедно Посилни, ХОПС и други, кои преку програмите на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) обезбедуваат финансиски средства за спроведување на активностите. Сепак, потребна е поголема институционална поддршка за да може да се заокружи целиот процес во насока на подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“