Марковска: Ако не ги отвореа собраниските врати, граѓаните ќе кружеа околу Собранието
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2017
Поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓулистана Марковска вeчерва во Топ тема на Телма изјави дека оние пратеници кои ги отворија вратите на Собранието на 27 април се исто толку одговорни како и оние кои упаднаа во Парламентот.
„Доколку тие пратеници не ги отвореа собраниските врати, немаше да ни се случи крвавиот четврток. Собраните граѓани ќе кружеа околу Собранието и најстрашното што можеше да се случи е тепачка меѓу пратениците внатре“-вели Марковска.
Таа вели дека сега судот ќе цени дали некој влегол во Собранието со намера да врши насилство или не.