Мароканци, Албанци и Турци се почесто земаат европско државјанство
Објавено во: Свет 04 Мај, 2017
Голем е напливот на Мароканци, Албанци и Турци во Европа со што тие стануваат европски државјани.
Државјани на некоја од земјите членки на Европската унија, во 2015 година, претежно станале Мароканците (10,2%), Албанците (4,2%) и Турците( 4,2%).
Вкупно 86.100 Мароканци станале Европејци, при што 88% од нив го избрале италијанското, шпанското или француското државјанство. Од 48.400 албански граѓани кои избрале европско државјанство, 96% станале Италјанци или Грци, додека од 35.000 Турци, 56% станале германски државјани, објави порталот Албеу.
Агенцијата за статистика на Европската унија, ЕВРОСТАТ, наведува дека во 2015 година, 840.000 лица добиле државјанство на некоја земја членка на ЕУ, наспроти 890.000 во 2014 и 980.000 во 2013 година.
Од 2010 година досега над 5 милиони лица добиле државјанство на некоја земја членка на ЕУ, при што 87% не биле граѓани на ЕУ.