МАРТИНЕЗ: МИСЛЕВМЕ ДЕКА ЈА КОНТРОЛИРАМЕ УТАКМИЦАТА, НО ТИЕ УСПЕАЈА ДА СЕ ВРАТАТ, СТРАДАВМЕ МНОГУ - први реакции по финалниот натпревар во Катар
Објавено во: Спорт 18 Декември, 2022
АРГЕНТИНА е светски шампион, а Лионел Меси е најдобар играч на сите времиња. Така може да се сумира резултатот од финалето на Светското првенство во Катар, во кое Аргентина по подобро изведување пенали ја победи Франција. Головите за Аргентина ги постигнаа Меси (23' и (109') и Ди Марија (36'), а за Франција погоди Мбапе во 80., 82. и 117. минута.
Емилијано Мартинез: Ги живеам моментите за кои сонував
„Страдавме многу. Мислевме дека ја контролираме играта, но тие успеаја да се вратат. Беше комплицирана утакмица. Ги живеам сега моментите за кои сонував. Немам зборови. Победата ќе ја посветам на моето семејство“, изјави по натпреварот голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, кој ја освои Златната ракавица.
Херст му честиташе на Мбапе
Поранешниот англиски репрезентативец Џеф Харст беше единствениот фудбалер кој постигна хет-трик во финалето на Светското првенство. Килијан Мбапе го повтори тој подвиг. Херст му честиташе на Твитер.
Невил: Ова е најдобриот фудбал што сум го видел
„Ова е најдобриот фудбал што некогаш сум го видел“, напиша поранешниот англиски репрезентативец и капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил. Џејми Карагер, поранешниот капитен на Ливерпул, напиша дека за него Меси сега е најдобар играч на сите времиња, а по него се Марадона и Пеле.
Ширер: Ви благодарам Мбапе и Меси
„Беше задоволство да се гледа ова финале. Благодарение на Меси и Мбапе. Аргентина само продолжи напред, имаа менталитет и верба дека можат да постигнат гол кога им е најпотребно. Ви благодариме што не забавувавте вака, едноставно беше неверојатно “, коментира тој за Би-Би-Си по натпреварот Алан Ширер, легендарниот англиски напаѓач.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.