18 Мај, 2024
0.0337

Масовно труење на животни-хистерија, одмазда или патологија?!

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

“Состојбата  со масовното труење на кучињата,  огромната количина на бес и агресија на улиците насочени кон недолжни живи суштества создава  психопатска или антисоцијална структура на личноста  со садистички тенденции. Овие масовни и хистерични труења на животни низ градот  мора да престанат, страстите да се смират и да се најдат трајни решенија” - вели за Фактор, м-р Ивана Станковска,  психолог и семеен советник, од советувалиштето “Мандала”. Жестоката полемика која се наметна во јавноста и на социјалните мрежи  според неа не води кон разумни и рационални решенија,  туку напротив кон продлабочување на поделбата и агресијата.

“Состојбата е премногу загрижувачка и јас би апелирала да се смират страстите, како би можеле да стигнеме до конструктивни решенија, а решенија ни се потребни што поскоро.  Загрижуваат три проблема: неодговорното сопствеништво на миленик, уличните кучиња, и човечката патологија. Пред сè, длабоко и искрено жалам за траумата која ја доживеале децата и присутните при неодамнешниот напад на ротвајлерот. Освен тоа што ќе посетат лекар за физичките повреди, би сакала да им предложам на родителите брзо да реагираат и да посетат стручно лице, кое ќе може да интервенира и во поглед на емоционалната болка, страв, ужас и траума. Не е мудро да дозволиме животните да станат наши непријатели. Напротив, милениците се извор на безусловна љубов и лојалност – ако умееме вистински да го цениме тоа и да се грижиме соодветно за нив”- објаснува психологот Станковска.

Вината за неодговорното  однесување кон милениците, недоволната посветеност на надлежните да се стави ред во оваа област и негрижата на сопствениците на миленици кои не си ги исполнуваат обврските па често ги фрлаат на улица кога  не им одговараат на џебот и можностите,  според неа треба да се бара единствено и само во човечкиот фактор. Оттука вели потребна е развиена индивидуална и колективна свест и совест пред да се земе миленик, па се до тоа  како треба да се однесува и да се грижи за него идниот стопан.

“Нам како на граѓани, стручни лица и општество, задача ни е да ги решиме системските проблеми, како и да ја покренеме колективната свесност за проблемот. Во однос на свесноста.  Човекот претендира дека има највисоко развиена свесност во овој Универзум. Со тоа, има и највисока одговорност. Ние, луѓето, сме решиле да живееме заедно со миленици. Низ вековите, сме ги припитомиле и земале покрај нас.И заради тоа, сносиме ОДГОВОРНОСТ за заедничкиот живот и функционирање на човекот и миленикот. Од поведението на сопствениците, зависи и поведението на миленикот. Неодговорното сопствеништво, има далекусежни последици не само по миленикот, туку и по целата средина”- додава психологот Станковска.

Сопственикот, според неа има свои обврски, одговорност како и права кои треба да се регулираат  со соодветни закони. Човекот како што вели мора да научи да ја почитува и познава животинската природа.

“Нелогично е да земете кученце миленик и да го исфрлите бидејќи лае или копа дупки во дворот, бидејќи е тоа неговата природа. Недозволиво е да го негувате неговиот агресивен инстинкт, заради борби со кучиња. Недозволиво е да не го храните, да не го прошетате. Кога еднаш сте го земале, тоа станува член од семејството, и се приврзува за своето семејство, семејството станува негов чопор, тука припаѓа. Кучињата кои се напуштени на улица, попрво ќе умрат од жал и тага, а потоа од глад, бидејќи не умеат да се снајдат на улица.  А кога се веќе подолго на улица, инстинктот за опстанок станува посилен од сè друго. Тие кучиња ќе ја штитат својата територија, својот извор на храна и на крајот на краиштата, својот живот. И тие кучиња, можат да нападнат “- потенцира Станковска.

Исто толкава важност и внимание смета дека треба да имаат и уличните кучиња кои се грижа на заедницата, т.е. на општината.

“Тие не по своја вина се нашле (или родиле) на улица, а на улица владее законот на опстанок. Не е решение стационарот Вардариште кој е во ужасна состојба, каде страдаат и умираат. Потребни се солидни стационари, пристојно згрижување, стерилизација и вакцинација.  Морам да признаам дека едноставно сум фрапирана од спремноста на луѓето да бараат одговорност кај животните. Се прашувам дали постои некаде во светот суд за животни? Се прашувам, ако бараме одговорност од животните, тогаш зашто не би им дале и право да гласаат, на пример? Мојот коментар е ироничен, само за да го изразам апсурдот од нивото на свесност и размислување на луѓето. Следствено на тоа, следното што ме фрапира, е неспремноста на луѓето да го увидат тоа. Гледаме едно сосема изместено лоцирање на проблемот и „решавање“. Сведоци сме на луѓе, кои свесно и планирано излегле со намера да убиваат улични кучиња низ целиот град”- објаснува психологот Станковска.

Порачува веднаш да сопрат  масовните  и хистерични труења на животни низ градот кои вели ниту ќе го решат,  ниту ќе го сопрат проблемот.

“Неодамнешните слики од обесени животни во Скопје, информациите дека постојат локации низ Македонија кои се претвориле во масовни гробници на кучиња каде се исфрлаат повредени кучиња од борби, информациите за лекарот од Струмица кој малтретираше куче со својата кола, или човекот во Кочани кој ги изгладнуваше и силуваше се фрапантна слика за човечка патологија, која едвај чека некој „тригер“, па да сведочиме на вакви ужаси”- додава Станковска.

Оттука смета дека одговорноста мора и треба  единствено и екслузивно да се бара кај човечкиот фактор!

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“