Материјал од 50 милиони евра запленет на скопскиот аеродром
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2022
Над еден тон материја за производство на амфетамин е запленет денеска на скопскиот аеродром
Полицијата ја известува јавноста дека материјалот вредел околу 50 милиони евра, а бил наменет за земји од Европската Унија.
Пратката тргнала од Кина, а МВР информира и дека е разбиена организирана криминална група.
Од министерството најавија детали во текот на денот