Мавровско езеро и Радика порибени со 15.000 парчиња поточна пастрмка
Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2013
Порибување на реката Радика и Мавровското езеро спроведе јавната установа Национален парк „Маврово. На четири локации беа пуштени околу петнаесет илјади парчиња поточна пастрмка.
- Акцијата е во рамки на надлежностите и планови за заштита и оваа сезона извршивме порибување на четири локации. Тоа е една од активностите за одржување и збогатување на рибниот фонд на територијата која е под надлежност на паркот, рече Онер Јакуповски директор на НП „Маврово".
Изминативе шест години, водотеците во најголемиот национален парк во Македонија се порибени со над 300 илјади парчиња риба