Маж силувал американска туристка во центарот на Париз, јавноста е згрозена
Објавено во: Свет 10 Август, 2022
23 годишен маж е приведен за силување на туристка од САД (27) во јавен тоалет во центарот на Париз. Ова ја шокирало париската јавност, која фреквентната област покрај реката Сена ја сметала за безбедна.
Девојката и нејзиното момче биле покрај реката во саботата вечерта, во центарот на туристичкиот кварт на Париз, недалеку од катедралата Нотр Дам, пренесува „Гардијан“.
Во еден часот по полноќ, 27-годишната жена отишла во јавниот тоалет во близина на мостот Луј-Филип. Тоалетот се наоѓа во близина на локали и е дел од новите објекти поставени пред шест години, кога беа забранети автомобили во областа покрај реката.
Локалниот весник „Le Parisien“ објави дека партнерот ја чекал жената во близина на тоалетот, но се загрижил бидејќи таа долго се задржала. Тој се приближил до тоалетот и слушнал плачење, а потоа ја видел својата партнерка.
Чуварите во областа пришле на помош, а полицијата го уапсила мажот, кој живее во населбата Асниер-сур-Сен, во близина на Париз.
Во разговор во полиција човекот го негирал силувањето и рекол дека жената се согласила на сексуален однос.
Жената веднаш е префрлена во болница во Париз. Откако дала изјава во полиција, таа и нејзиниот партнер се вратиле во САД.
foto freepik.com/bedneyimages