Медиумите од регионот пишуваат за бугарската шлаканица за Македонија
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2020
Медиумите од регионот пишуваат за бугарското вето за Македонија.
N1 оди со наслов „Заев: Бугарија наметнува навредливи и неприфатливи услови за Северна Македонија“.
Сличен наслов има и српскиот весник Данас, кој наведува дека Заев се обратил до нацијата.
Бугарски БГНЕС ја пренесува изјавата на нивната министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева која вели дека само зборови не се доволни, треба и дела.
„Бучковски: Јас не преговарам за распарчувањето на Македонија“, пренесува бугарската Нова тв.
„МНР: Бугарија не го спори идентитетот на граѓаните на Северна Македонија, да запрат со манипулациите“, пишува бугарскиот портал Новините.
Црногорските медиуми го пренесуваат ставот на Владата дека бугарското вето е тешка и неодговорна геостратешка грешка.
Пред два дена српски Курир објави дека Скопје добило нова шлаканица од Софија, затоа што вицепремиерот Красимир Каракачанов бара изјавите дадени на македонски јазик да не се преведуваат во Бугарија, затоа што според него тоа било ист јазик.