„Mercedes“: Кој не оди на боледување, ќе добие 200 евра!
Објавено во: Свет 18 Декември, 2016
Германскиот авто-гигант Дајмлер ќе им исплаќа на своите работници посебни бонуси доколку ретко отсуствуваат од работа.
Компанијата соопшти дека тоа се однесува на отсуство од здравствени причини, а ветила и дека ќе воведе бесплатен преглед за сите работници превентивно.
Како што пренесуваат странските медиуми, планот е оние работници кои во текот на годините не оделе на боледување, Дајлмер да им даде бонус од 200 евра.
Сепак, некои гледаат проблем во тоа што некои работници можеби намерно ја кријат болеста за да добијат бонус.
Дајлмер е познат по своите високи бонуси. Оваа година, среќниците кои работат во таа компанија ќе добијат бонус од 5 652 евра.