26 Април, 2024
0.0299

Мерката за самовработување креира успешни приказни- во 2017 отворени 165 фирми, вработени 191 лица

Објавено во: Економија 26 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Кристијан Трајковски, Марко Зарев и Симон Стојановски наскоро ќе ја промовираат својата прва видео игра. На почетокот на годинава го отвориле своето независно студио за изработка и издавање на видео игри ,,Дарк-1’’. Дилемата дали да отворат фирма во земјава или пак во странство ја решиле откако дознале за можноста да добијат грант за самовработување од 10 илјади евра преку мерките од Оперативниот план за активни мерки и услуги за вработување. Оваа можност била одлучувачка да започнат со остварување на својот сон во својата земја.

Денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски го посетија студиото ,,Дарк-1’’, со цел директно да ги слушнат предизвиците и потребите на млади луѓе кои се охрабриле и започнале сопствен бизнис со почетна поддршка од државата.

Првата игра која ќе излезе од ова студио е наречена ,,Одиум до јадрото’’ (Odium to the core), која веќе е изработена и ќе биде пуштена во официјална продажба на 11 мај.  Младите претприемачи се задоволни од тоа како се развива нивната мала фирма, но посочија дека им е потребна поддршка за надминување на одредени пречки поврзани со пласман на нивниот производ на светскиот пазар. Министерот Манчевски изјави дека може да помогне во овој дел, но и во однос на промоцијата и маркетингот. Деспотовски ги информираше дека Фондот за иновации нуди дополнителни можности за финансирање на стартапите формирани преку оперативната програма за самовработување. Износите на средства се од 30 000 до 100 000 евра во зависност од степенот на развој преку двата инструмента на финансирање од Светска банка. Фондот и Министерството за труд и социјална политика развиваат заедничка мерка во која поддршката преку инструментите и оперативната програма ќе биде олеснета за сите млади лица.

На укажувањето на Кристијан, Марко и Симон дека нивни познаници и колеги се заинтересирани да го следат нивниот пример, министерката Царовска посочи дека и во моментов може да се искористи шансата која се нуди со Оперативниот план за 2018 година за добивање неповратни средства за самовработување од 246.000 до  615.000 денари, но и да ја комбинираат оваа мерка со мерките за обуки за знаења и вештини.  Според неа, приказната на ,,Дарк-1’’ е навистина успешен пример, кој  треба да претставува мотивација за сите невработени млади луѓе.

Во 2017 година преку оваа мерка од Оперативниот план се отворени 165 старт ап бизниси и реализирани 191 вработување. Овогодинешниот оглас за мерката за самовработување беше распишан на 23 март 2018 година од страна на МТСП и АВРМ и за само еден месец се поднесени над 1400 апликации.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија