Меркел ja затвора вратата за Турција
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2016
Германската канцеларка, Ангела Меркел изјавила пред пратениците од нејзиниот конзервативен блок дека не очекува Европската унија да почне преговори за нови поглавја за пристапување на Турција.
Тоа го пренесува „Ројтерс" (Reuters) цитирајќи свој извор.
„Таа посочи дека во моментот нови поглавја нема да бидат отварани при какви и да е услови и додаде дека од нејзина гледна точка, нема потреба од активности по прашањето"- вели изворот на „Ројтерс".
Според него станува збор повеќе за декларација, отколку за иницијатива.
Во Анкара продолжуваат да се надеваат дека ЕУ нема да ги запре преговорите со Турција.