09 Мај, 2024
0.0324

Меркел ќе го забарикадира Скопје

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел за прв пат утре ќе пристигне во посета на Македонија, а безбедносните мерки се очекува да бидат „најзатегнати“ во последно време кога станува збор за сигурноста на една политичка ВИП-личност.

Според информациите на Фактор, специјални безбедносни служби за ВИП-личности од Германија ќе асистираат како логистичка помош, додека од македонското Министерството за внатрешни работи не откриваат многу детали за тоа какви безбедносни мерки ќе бидат превземани.

- Одделот за заштита на определени личности и објекти, своите надлежности ги темели врз основа на законските и подзаконските регулативи во МВР, а со акцент на „Уредбата за личностите и објектите на обезбедување“, врз основа на која презема редовни, вонредни и посебни мерки и активности.Водејќи се според Уредбата, Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за обезбедување на сите странски државници кои се во официјална посета на Македонија, а се со цел заштита на физичкиот интегритет, авторитет и достоинство на личноста“, изјавија од  МВР за Фактор.

Велат дека деталите се државна тајна, заради безбедноста на гостинот. Според наши информации се е подготвено за пристигнувањето на значајната гостинка. Сите улици, местата каде ќе се движи, хотелот каде ќе спие се максимално испитани и обезбедени. Нема потврда, но таа ќе спие во еден понов модерен хотел во центарот на градот.

Инаку Меркел беше во посета на Тирана пред три години. Тогаш беше објавено дека за безбедноста на Меркел беа превземени идентични мерки како и за посетата на Папата Франциско и српскиот премиер Александар Вучиќ истата година.

За безбедноста се грижеа над 1.500 полициски службеници од сите сектори, припадници на гардата, а албанската метропола беше надлетувана со полициски хеликоптери. Сообраќајот беше запрен низ неколку улици со забрането паркирање возила.

Уште позатегнато беше во мај годинава кога во Софија присуствуваа Меркел и ред други високи меѓународни претставници на Самитот на Западен Балкан во Софија.

Ресурсите на три полициски оддели беа целосно исцрпени за таа намена. Приодите околу хотелите каде што тие престојуваа беа затворени, булеварите беа отсечени од сообраќај, а службите по проценка затвораа улици без претходни најави.

Бугарскиот министер за транспорт дури и им порача на бугарските граѓани да не ги возат своите автомобили тие два дена.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ОСВОИЈА ПАРТИИТЕ - ДИК СО ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Први се ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРИ СДСМ, А ТРЕТИ ДУИ

ЕВЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ОСВОИЈА ПАРТИИТЕ - ДИК СО ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Први се ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРИ СДСМ, А ТРЕТИ ДУИ

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција