Меркел нема план „Б“ ако пропадне договорот за бегалците со Турција
Објавено во: Балкан 26 Ноември, 2016
Нема план „Б“ во случај турскиот претседател Реџеп Ердоган да ја исполни заканата и да предизвика нов бран мигранти кон Европа. Тоа, го изјавила германската канцеларка Ангела Меркел. Според неа Европската унија и Турција треба да ги исполнат обврските еден кон друг.
Меркел се обидува да ги намали тензиите и да го спаси договорот постигнат пред неколку месеци. Нејзините зборови доаѓаат само два дена откако членовите на Европскиот парламент ја усвоија необврзувачката резолуција за замрзнување на преговорите за пристапување на Турција во блокот. Тоа е протест против репресиите кои Анкара ги наложува против сите несогласувања со работата на владата и претседателот Ердоган.
„Договорот со Турција за бегалци, според мене, е од взаемен интерес за двете страни“, изјави Меркел пред членовите на конзервативната Христијанска заедница (ХДЗ), за време на регионалната конференција . „Затоа ние како Европејци треба да ги почитуваме нашите обврски, а Турција треба да го стори истото“, рече Меркел и додаде дека договорот помогнал да се контролира протокот на мигранти и да се регулира трговијата со луѓе.
Запрашана од член на ХДЗ, дали таа има план „Б“ во случај да пропадне договорот, Меркел одговори: „Јас немам план „Б“.
Засега повеќето земји во ЕУ продолжуваат да го поддржуваат договорот со Турција, и покрај непочитувањето на човековите права таму.
Од обидот за преврат во јули досега турските власти уапсија повеќе од 125 илјади лица - воени, научници, судии, новинари и курдски лидери. Причината е дека тие се осомничени за поддршка за превратот. Според експертите тоа е само обид да се скрши секоја опозиција.