18 Мај, 2024
0.0415

Мерките од 16 август, Бектеши најавува засилени контроли од понеделник: Да не се задоцнети?

Објавено во: Македонија 11 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Додека во јавноста не стивнуваат реакциите во врска со редарските служби за контрола на сертификатот за вакцинација кој станува задолжителен од 16 август, министерот за економија Крешник Бектеши најавува засилени контроли од понеделник. Тој денеска се сретна со В.Д. Директорката на Државен пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.
„Разговаравме во врска со измената на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од COVID 19. Исто така, од понеделник ќе има засилени контроли, напиша Бектеши на фејсбук.
Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18 годишна возраст.
Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.
Епидемилозите велат дек амерките немаат епидемиолошка смисла, особено делот што со една доза вакцина стекнатиот имунитет не може да биде поголем од 30 отсто.
Контролите кои се најавуваат од понеделник се во стилот на најавата на новите мерки кои не почнаа да важат веднаш по донесената одлука на Владата туку се со важење од другата недела, што предизвика реакции на социјалните мрежи.
Граѓаните прашуваа дали од 16 август ќе почне преносот на вирусот во објектите, па се шегуваа зошто до тогаш воопшто ќе носиме маски, на пример.


Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање