Meштаните со приватни возила превезувале повредени
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019
Meштаните кои живеат во близина на автопатот Скопје - Тетово со приватни возила превезувале повредени, од превртениот автобус.
Тие велат дека не виделе деца во автобусот. Според нив се работело за возрасни кои имале повреди. Раскажаа дека предмети имало расфрлано насекаде од патниците. Загинаа 13 луѓе, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Меѓу повредениte има и една трудница.