05 Мај, 2024
0.0284

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

Објавено во: Македонија 25 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Екс албанскиот претседател и актуелен лидер на албанската опозициска Партија на слободата, Илир Мета, е „воодушевен е од вчерашниот изборен резултат на ВМРО - ДПМНЕ”.

„Вчерашниот резултат во Македонија јасно покажа дека нивното враќање ќе му даде друга уште повисока димензија,  на тој модел,  кој и ние треба да го следиме прилагодувајќи го на нашите услови“, изјавил Мета, јави албанската АБЦ њуз.

Мета изразува убедување дека победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова,  ќе биде уште поголема во вториот круг на 8 мај.

Илир Мета, кој подготвува реформирање на неговата партија, вели дека, по примерот на случувањата во Македонија, треба да се организира и Демократската партија на Албанија за возобновување, и да биде алтернатива на изборите во 2025 година, пренесува албанската телевизија.

По скоро целосна обработка на гласачките ливчиња, Државната изборна комисија(ДИК) ги објави резултатите од вчерашните избори. Стево Пендаровски има 180.306 гласови или 19,93 проценти, Гордана Силјановска Давкова има 362.682  или 40,08 проценти, Стевчо Јакимовски освои 8.103 или  0,90 проценти, Бујар Османи доби 120.903 или 13,36 проценти, Билјана Ванковска Цветковска доби 41.172 гласови или 4,55 проценти, Арбен Таравари има 83.356 гласови или  9,21 проценти, а Максим Димитриевски освои 83.787 или  9,26 проценти. 

фото МИА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува