Мицкоски го покани, но дали Заев ќе прифати дуел?
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2018
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека на дебата со опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски ќе седне, откако тој јавно ќе изјасни против бојкот на референдумот.
„Подготвен сум да прифатам дебата со господинот Мицкоски кога тој јасно и јавно ќе каже дека е против бојкотирањето“- рече Заев.
Според премиерот, ваквите ставови создаваат заблуда.
Повикот за тв-дуел до Заев од Мицкоски доаѓа по соопштувањето на партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ синоќа за референдумот. Мицкоски порача граѓаните да постапат по сопствено убедување.
„Зоран Заев мора да го надмине стравот и да престане да бега од дебата, која е основно демократско средство во политиката“- реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски рече дека за ова прашање треба да одлучи нацијата.