30 Април, 2024
0.0270

Мицкоски оставал писма во поштенски сандачиња

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Граѓани од Центар утрово во своите поштенски сандачиња добиле писмо потпишано од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кое тој им порачува дека е време да го дигнат гласот против актуелната власт и заедно да ја „направиме Македонија, стаменита, силна и непокорна“, објави Фокус.

„Во периодот откако е СДСМ на власт стравот ја замени демократијата, неморалот го замени моралот, а непринципите ги заменија принципите. Корупцијата и криминалот цветаа како никогаш досега, преку ноќ се создадоа недопирливи луѓе, законот не важи за сите подеднакво, рекетот царува. Си поигруваат со човечки судбини, со судбините на убиените деца кај Смилковско, со судбините на семејствата на загинатите полицајци во кумановско Диво насеље. Непотизмот е главна одлика за вработување. Се вработува по партиски клуч. Советници стануваат криминалци и крајно некомпетентни луѓе. Младите се иселуваат негледајќи никаква перспектива“ се вели во писмото потпишано од Мицкоски.

Македонија, се истакнува во писмото што го објави Фокус, не е дивоградба која мора да се впише во катастар, а граѓаните имаат идентитет и минато од кое нема откажување.

-Знам дека не ме познавате доволно добро за да речете дека јас сум тој што треба да го поддржите. Јас сум само еден од вас и гледајте го на тој начин. И оттука не треба да ми верувате мене, туку барам да си верувате себеси. Затоа што јас верувам во вас. Не велам дека сме безгрешни и дека нема да грешиме, но ви ветувам дека умееме да се поправиме, се вели на крајот од писмото.


Можеби ќе ве интересира

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала