Мицкоски отиде во Градска болница каде е примен Јанакиески
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2019
По инцидентот во затворот во Шутка каде беа нападнати екс министрите, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски отиде во посета во ГОБ „8 Септември“, каде со повреди е пренесен Јанакиески.
На Мицкоски не му беше дозволено да влезе во болницата од обезбедувањето. Прво му беше кажано да почека, а потоа му пристапија униформирани лица кои му наредија да ја напушти болницата. Сепак, Мицкоски инсистираше да го види повредениот Јанакиески. По кратката расправија, персоналот му рече на Мицкоски да остане, а сите останати да го напуштат објектот.