15 Мај, 2024
0.0284

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и го оценува за незрело oднесувањето на Османи

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и го оценува за незрело и скандалозно однесувањето на потпретседателот на Владата, Бујар Османи кој по сопствена оценка и поради причини кои никако не ја засегаат Република Македонија одлучил да не учествува на регионалната конференција на која се преставувани државите од Западниот Балкан и на која се разговара за европската интеграција на регионот. 

„Македонија за жал пропушта добра шанса да се престави во регионот и да ги застапува своите интереси“- вели во видео обраќање претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

Оценува дека приватизирањето на државата за свои лични потреби и индивидуални маркетинг цели штети на интересите на државата.

Министрите во Владата се платени од граѓаните да ги преставуваат интересите на  Македонија и тоа е единствената и најважна агенда и обврска на секој еден функционер.  Ваквиот дипломатски скандал отвара повеќе дилеми: Дали учеството на Самити во иднина ќе зависи од тоа кои држави се поканети во регионот  и дали владата има донесено одлука за тоа? Доколку се работи за изолирана одлука, дали владата ќе покрене прашање за одговорност за дипломатскиот скандал и каква ќе биде таа?“- прашува Мицкоски.

Вели дека ваквиот незрел однос е само приказ за општиот однос на Владата кон интеграцијата на регионот каде како земја имаме целосна стагнација.

Османи пак кажа дека одлукаата ја донел како Европеец, а не како Албанец. Во Бања Лука не беше покането Косово, поради што и Албанија не учестуваше. 

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци