ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2024
Под влијание на умерен топол бран од Африка, од петок, а особено за време на викендот кој доаѓа температурите во Македонија позначително ќе се покачат, па така тие на повеќе места ќе надминуваат 25 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и до 30 степени, локално и до 32, 33 степени, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Сепак, краткотрајно стабилизирање на времето ќе имаме само во петок и во сабота, веќе од недела попладне ни следува нов период на многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи. Поради загреаната Атмосфера која ќе биде исполнета со енергија поради најавениот топол бран, на повеќе места ќе се создадат услови за посилно невреме со силен ветер, обилен пороен дожд, силни и чести електрични празнења и покрупен град.
Во Скопје за време на викендот исто така температурата позначително ќе се покачи и ќе се искачи до околу 30 степени. Но и во Скопскиот регион стабилно ќе биде само во петок и во сабота, додека од недела попладне повторно ќе биде многу нестабилно со чести врнежи и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со силен ветер, електрични празнења пообилен пороен дожд и со услови за појава на град“, објави тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.